17 March, 2011

ЛАВА КОЛАЧ

Колач кој ми го освои срцето! Во моментов многу популарен на балканот. Дефинитивно најубавото нешто што сум го направила до сега. Многу едноставно, а сепак величенствено.

За овој колач ќе ви биде потребно:
  • 175 гр чоколадо за готвење (најдобро е да се употреби темно чоколадо со околу 70% какао),
  • 175 гр путер,
  • 3 јајца,
  • 1/2 чаша шеќер,
  • 1/3 чаша брашно.

Начин на подготовка:
Прво вклучете ја рерната на 250 степени. Од најголемо значење е рерната да биде совршено загреана. Потоа растопете го чоколадото на пареа и кога ќе се стопи, со брзо мешање со жица, ставајте една по една коцка од путерот. На почетокот не ставајте нова коцка путер додека претходната целосно не се стопи. Кога ќе го потрошите целиот путер тргнете ја смесата од оганот да се олади. За тоа време во друг сад изматете ги јајцата и шеќерот, како за торта. Додадете ја смесата од путер и чоколадо, па на крај додадете го брашното. Намастете неколку калапчиња и наполнете ги до 3/4 од нивниот волумен. Печете ги колачите околу 8 до најмногу 10 минути, никако подолго! Оставете ги да отстојат една минута, па префрлете ги на чинија за послужување. Лава колачот се послужува додека е топол.

Коментар на гурманот:
Нема човек кој го проба овој колач, а веднаш не се заљуби. Лава колачот е вистинска кралица на колачите!

5 comments:

  1. Prekrasno se spream odman da go napraam inaku sum go jadela..:))

    ReplyDelete
  2. kolacot e super inaku vo kakvi kalapi go peceti i ako se od tie porcelanskite kade ima da se kupat kaj nas

    ReplyDelete
  3. Јас ги печев во тефлонска тава со калапи, а за порцеланските навистина не знам каде ги има. Ако ги најдам ќе ви пишам, поздравче :)

    ReplyDelete
  4. Сашо, не знам дали ќе го прочитате ова но, сепак, ги најдов порцеланските калапи кои се користат најмногу за суфле. Ги има во „ОК Маркет“ во Кисела Вода пред рампа. Има различни големини, најмалите, кои според мене се најдобри, се нешто помалку од 200 ден/парче. Се надевам ова ви помогна. Поздрав :)

    ReplyDelete