Црноплодната аронија е донесена во Европа од источниот дел на Северна Америка, каде што први ја употребувале Индијанците. Тие ги сушеле плодовите на аронијата и ги употребувале зимно време за зимски погачи и чаеви. Тие биле добро запознаени со чудотворната моќ на оваа билка.
Аронијата во Македонија сè повеќе
зема замав и одамна е пласирана на нашиот пазар. Покрај прекрасните цветови кои ги има на пролет, аронијата дава плод кој е права ризница на здравје. Сепак, луѓето малку знаат за тоа каква витаминска бомба претставува ова растение. Затоа одлучив да ви претставам какво богатство крие аронијата.
Лековити својства и состав на плодовите на аронијата:
Аронијата во Македонија сè повеќе

Лековити својства и состав на плодовите на аронијата:
- Глава - ја подобрува циркулацијата на крвта во крвните садови на главата и на тој начин помага кај главоболката и мигрената,
- Ендокрини жлезди - ја подобрува работата на ендокрината жлезда, го подобрува и регулира излачувањето на нејзините хормони и на тој начин помага кај болестите на штитната жлезда и кај гушавоста,
- Крв и крвни садови - ја прочистува крвта, ја подобрува циркулацијата, го намалува премногу високиот крвен притисок, го намалува количеството на шеќерот во крвта и на тој начин помага кај атеросклерозата, воспаление на вените и кај проширените вени,
- Желудник и црева - ги намалува болките и грчевите во желудникот и цревата, го смирува воспалението на слузницата на желудникот и цревата и ја смирува желудочната нервоза,
- Црн дроб и жолчка - ја подобрува работата на црниот дроб и излачувањето на жолчката, помага при неутрализирање на штетните материи во црниот дроб и на тој начин помага кај болниот и оштетн црн дроб, кај воспаленија на жолчката и жолчните канали, кај жолтицата и кај песок и камен во жолчката.
Зрелите плодови на аронијата

Аронијата е права ризница на витамини и минерали, од кои содржи: витамини A, C, P, B2, B6, B9, E, потоа бетакаротени, антоцијани, калиум, калциум, железо, манган, молибден, јод и фосфор. Сокот и чајот од аронија се препорачуваат за сите оние кои имаат проблем со крвните садови и притисокот, потоа кај воспаление на бубрези, чир на желудник, дијабетес, мигрена, внатрешни крварења и мигрена. Компонентите од плодот на аронијата ги отстрануваат тешките метали од организмот, па затоа се препорачува за болните од рак и за оние кои биле подложени на операција или прележале тешка болест.
Нормално, овој плод е толку вкусен и здрав, што не треба да го конзумираат само луѓето со здравствени проблеми туку и сите оние кои сакаат да останат здрави. Наскоро на овој блог можете да очекувате и некои вкусни јадења подготвени со аронија. До тогаш, набавете го овој плод, кој во замрзната или сува состојба се продава и во зима и уживајте во топол чај или во сок подготвен како комбинација од различни свежо исцедени плодови.
lajk...ko na fejsbuk :)
ReplyDelete